Не се шегува кога е во прашање безбедноста

Роналдо го чуваат двајца близнаци од елитна специјална единица (ФОТО)

Фудбалерите и нивните луксузни домови често се мета на крадци, Кристијано Роналдо не сака ништо да препушти на случајноста па за неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство се грижат двајца близнаци од елитна специјална единица.

Фудбалерите, особено они познатите често се мета на крадци, вообичаена практика е нивните домови да бидат ограбувани кога се на должност во друг град. Камери, алармни системи или тренирани кучиња од неколку десетици илјади евра се вообичаена заштита.

Кристијано Роналдо оди и чекор понатаму, ЦР7 ангажирал двајца близнаци од елитна специјална единица.

Се работи за Сержо и Жорж Рамаљеиро (имаат и трет брат) кои биле дел од специјална единца во португалската војска и се бореле во Авганистан за потоа да станат дел од ПСП, елитна специјална единица задолжена за заштита на обвинители, судии и политичари во Португалија.

Двајцата побарале неплатено отсуство од единицата кога Кристијано Роналдо побарал да се погрижат за неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство, и паднаа во окото на јавноста во септември кога Кристијано Роналдо се подготвуваше да патува во Швајцарија за меч во Лигата на шампиони.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе