За Сари и Јувентус беше повреден, но не и за Сантош и Португалија

Роналдо ги запали социјалните мрежи, еве што се постигна вечерва со трите гола против Литванија (ФОТО)

Кристијано Роналдо очигледно не е повреден, Португалецот вечерва три пати ја тресеше мрежата на Литванија и стигна до неколку постигнувања со кои ги запали социјалните мрежи.

Маурицио Сари ќе има пожар за гаснење, стратегот ја оправда својата одлука да го повлече Кристијано Роналдо од игра против Милан со образложение дека играчот има повреда на коленото која го мачи подолго време.

Но очигледно ЦР7 е 100% фит, тој вечерва три пати ја тресеше мрежата на Литванија и стигна до неколку постигнувања со кои ги запали социјалните мрежи.

За него ова беше хет-трикот број 55 во кариерата, и број 9 во дресот на Португалија.

Исто така стигна до бројката од 98 погодоци во националниот дрес, му недостасуваат уште два за убав јубилеј и уште 12 за да го надмине рекордот на Али Даеи.

Кристијано Роналдо исто така стана само вториот играч по Пеле кој 13 години во низа постигнува 30+ погодоци.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе