Во вторник последната битка за псласман на СП

Роналдо ги предупредува Португалците пред дуелот со Македонија

Кристијано Роналдо им порача на соиграчите дека не оствариле ништо со победата над Турција и бара да не ја потценуваат Македонија во финалето од баражот за мундијалот во Катар.

Македонија во вторник ќе се бори за билет за СП 2022, противник на избраниците на Боби Милевски ќе биде Португалија.

Португалците вчера не дозволија изненадување во дуелот со Турција и славеа со 3-1 за финале. Тие сигурно очекуваа пресметка со Италија, и кога слушнаа за резултатот на „Ренцо Барбера“, многумина веројатно веќе се виделе во Катар.

Сепак, Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи ги повика своите соиграчи да не ја потценуваат Македонија.

„Ова е само првиот чекор кон нашата голема цел, кон Светското првенство во 2022. Ништо не сме оствариле. Мораме да продолжиме со напорната работа, да останеме фокусирани, да го почитуваме противникот но во исто време да веруваме во нашите способности. Напред Португалија! Одиме во Катар!“ – гласеше пораката на ЦР7 на Инстаграм.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе