Нема да игра против Меси поради ковид-19

Роналдо фрли сомнеж врз тестовите за коронавирус: ПЦР е ср*ње! (ФОТО)

Кристијано Роналдо фрли сомнеж врз тестовите за коронавирус, фудбалерот на Јувентус вели дека се чувствува добро и здраво и додава дека ПЦР тестот е ср*ње.

Денешното дерби помеѓу Јувентус и Барселона во Лигата на шампионите ќе биде осиромашено поради неиграњето на Кристијано Роналдо.

Португалецот, кој се зарази со ковид-19 на 13. октомври, нема симптоми па постоеше можност да добие зелено светло за настап со негативен тест на 24 часа пред мечот. Сепак, синоќешниот резултат беше позитивен и ЦР7 нема да излезе на мегдан со Лео Меси.

По ваквиот развој на настаните, Кристијано Роналдо фрли сомнеж врз тестовите за коронавирус.

На социјалните мрежи тој попладнево напиша: „Се чувствувам добро и здраво. Форца Јувентус“, а потоа во коментарите додаде: „ПЦР е ср*ње“.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе