Серија А

Роналдо е во голгетерска серија, два гола против Парма за три бода на Јуве (ВИДЕО)

Јувентус ја победи Парма со 2-1, Кристијано Роналдо ги постигна и двата погодоци и ја продолжи голгетерската серија во која се наоѓа. 

Роналдо е првиот фудбалер на Јувентус кој постигнува на седум меча по ред во Серија А по Давид Трезеге во 2005 година.

Тој е единствениот фудбалер кој постигнал најмалку 15 голови по сезона во последните 14 сезони од најдобрите пет европски лиги.

Парма до 43. минута одолеваше на нападите на Јувентус, а тогаш Роналдо го постигна својот прв гол за водство од 1-0.

По десет минути игра во второто полувреме Корнелиус го изедначи резултатот на 1-1.

Но радоста на Парма не траеше долго, само три минути подоцна Роналдо повторно даде гол за победа на Јувентус од 2-1.

Со овој триумф Јувентус отиде на +4 во однос на Интер, има +6 од Лацио но Лацијалите имаат и натпревар помалку.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе