Утешна награда за Португалецот

Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А

Роналдо не се појави на церемонијата за „Златната топка“ бидејќи во Милано беше прогласен за најдобар фудбалер во изминатата сезона од Серија А. 

Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А за сезоната 2018/2019 на гала церемонијата во Милано. Португалецот доцнеше на свеченоста, но се појави кога требаше, некое време пред да ја добие наградата.
 
„Горд сум на оваа награда, им благодарам на соиграчите во Јуве и сите кои гласаа за мене. Серија А е тешко натпреварување, многу сум среќен“, изјави Роналдо.
 
За најдобар тим беше прогласена Аталанта која успеа да направи изненадување со пласманот во Лигата на шампионите, а Гасперини е најдобар тренер во Серија А.
 
Најдобрите 11 за изминатата сезона во Серија А се: Хандановиќ, Кансело, Кулибали, Киелини, Коларов, Барела, Пјаниќ, Иличиќ, Роналдо, Запата и Кваљарела.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе