Во понеделник ќе биде познат новиот освојувач на престижната награда

Роналдо е опседнат со Меси: Има само една амбиција, да се пензионира со повеќе „Златни топки“

Главниот уредник на Франс Фудбал, Паскал Фере открива дека Кристијано Роналдо е опседнат со Лео Меси, ЦР7 сака да се пензионира со повеќе „Златни топки" од својот голем ривал.

Во понеделник ќе биде доделена „Златната топка“, признание за најдобриот фудбалер изминатава сезона. Неодамна се шпекулираше дека Роберт Левандовски ќе ја добие оваа престижна индивидуална награда, но во последно време се говори дека Полјакот ќе остане разочаран, и не само што нема да биде победник, ќе заврши како трет во изборт, зад Карим Бензема и Лео Меси.

Паскал Фере е еден од малкумината кои знаат во чиви раце ќе заврши „Златната топка“, во разговор со Њујорк Тајмс откри дека постојано добива повици и луѓе го прашуваат за гласините кои кружат.

„Веќе шеста година како сум одговорен за „Златната топка“ и до сега немам направено ниту една грешка. Не сакам да лажам, на сите кои ми се јавуваат им кажувам дека не можам да го откријам името на победникот. Многу сум внимателен, идентитетот на победникот е голема тајна“  - вели главниот уредник на Франс Фудбал.

Паскал Фере потоа раскажа интересна приказна поврзана со Кристијано Роналдо и Лео Меси, двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

„Роналдо има само една амбиција, да се пензионира со повеќе „Златни топки“ од Лео Меси. Самиот ми го кажа ова“.

Тој потоа октри како реагирал Лука Модриќ кога дознал дека ја прекинува доминацијата на Роналдо и Меси.

„Лука плачеше како мало дете кога му се јавив“.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе