Легендарниот Ван Нистелрој објасни зошто Аргентинецот е број 1

„Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Мане, Салах, Азар и Мбапе се одлични... но никој не е како Меси“

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој вели дека нема играч на нивото на Лео Меси и додава дека Аргентинецот како да е излезен од Плејстејшн.

Лео Меси и Кристијано Роналдо се на врвот долги години, а за тоа кој е најдобар има дебата која тешко дека некогаш ќе се реши. Двајцата имаат армија на поддржувачи, и никој не може да ги оспори постигнувањата ниту на едниот, ниту на другиот.

Руд ван Нистелрој сега даде свое мислење на оваа тема и го смести Аргентинецот на врвот.

За својот избор, легендарниот холандски напаѓач вели: „Никој не е блиску до Меси. Кристијано Роналдо е голгетер, Иниеста е мозок, Салах, Мане, Азар и Мбапе се одлични, но Лео е сето ова во едно. Нема играч кој е на неговото ниво, се чини дека е фудбалер од Плејстејшн“.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе