ЦР7 нема да игра против Азербејџан

Роналдо доби суспензија поради начинот на кој го прослави голот, побрзо ќе замине за Манчестер

Кристијано Роналдо поради жолти картони ќе го пропушти следниот квалификациски меч на португалската репрезентација, што значи дека побрзо ќе замине во Манчестер.

Кристијано Роналдо синоќа сруши огромен рекорд а донесе и неверојатна победа на Португалија во финишот од мечот против Р. Ирска. 

Роналдо по вториот гол го соблече дресот и доби жолт картон поради тоа. Тој поради акумулирани жолти картони нема да игра на следниот меч за Португалија. 

Португалија во сабота игра пријателски меч со Катар, кој може да го игра и Роналдо. Но, на 7. септември му гостуваат на Азербејџан, ѕвездата на Манчестер јунајтед е суспендиран за овој меч, а тоа значи дека порано може да се упати кон Олд Трафорд.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе