Ги чека казна

Роналдо, Дибала и уште пет други го напуштиле „меурот“, Јувентус ги пријавил

Јувентус ги известил локалните здравствени власти (АСЛ) дека неколку играчи го напуштиле „меурот", тие се предадени на обвинителството и сега ги чека казна.

Откако двајца членови на „старата дама“ беа позитивни на коронавирус, Јувентус креираше „меур“ во тренинг центарот во Континаса. Фудбалерите требаше да останат таму неколку дена, додека не добијат два негативни теста, но неколку играчи решиле да заминат предвреме.

Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Родриго Бентанкур, Хуан Квадрадо и Данило заминале на настап со своите репрезентации, додека пак Џиџи Буфон и Мерих Демирал си заминале дома.

Па Јувентус ги известил локалните здравствени власти (АСЛ) за ваквиот развој на настаните, а тие пак го известиле обвинителството.

„Мислам дека не е сторен сериозен прекршок, се качиле на приватен лет, па ќе добијат парична казна. Мислам дека нема да им биде проблем да ја платат“ - вели Роберто Тести од АСЛ.

Медиумите пишуваат дека се работи за парична глоба од 400 евра, па сигурно ова нема да им биде проблем со оглед на тоа дека имаат милионски договори.

Останатите продолжуваат да бидат во изолација во „Ј Хотел“ и да тренираат во комплексот, а помеѓу нив има и фудбалери кои добија повик од своите репрезентации како Адриен Рабио, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Се очекува во текот на денот или утре да добијат дозвола да си заминат.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе