Серија А

Роналдо дебитираше во Калчото, Јуве славеше на Бентегоди со гол во 93. минута (ВИДЕО)

„Старата Дама" ја започна одбраната на титулата со победа, „Бјанконерите" триумфираа над Киево со 2-3 во драматична завршница и гол во 93. минута

Кристијано Роналдо дебитираше во Серија А, ЦР7 и Јувентус со три бода си заминаа од Бентегоди, но до победата стигнаа многу потешко од очекувањата.

Гостите одлично го отворија мечот и поведоа преку Кедира веќе во 3. минута. „Бјанконерите“ потоа има огромна доминација во воведните 20 минути и посед на топката преку 80%, но откако не ја дуплираа предноста, Киево кон финишот на првиот дел преку својата прва посериозна шанса изедначи на 1-1 со голот на Степински.

Домаќините потоа го шокираа фаворитот на стартот од вториот дел. Кансело неспретно стартуваше, судијата покажа на белата точка а Џакерини биеше прецизно од 11 метри за 2-1.

Јувентус се врати во игра во 77. минута кога по еден корнер Бани си ја затресе сопствената мрежа. Потоа во завршницата следуваше драма. Манџукиќ постигна гол кој во прв момент не беше признат, но со помош на технологијата судијата покажа кон центарот.

Но Јувентус не се израдува многу бидејќи во акцијата дојде до судир помеѓу домашниот голман и Роналдо по кој Сорентино остана да лежи неподвижен на тревата и веднаш влезе медицинска екипа. Судијата потоа со ВАР ги прегледуваше повторените снимки и реши да го поништи голот поради прекршок над голманот иако еден од дефанзивците на Киево го турна Роналдо во Сорентино.

Но една минута подоцна гостите постигнаа нов гол преку Бернардески за пресврт и победа од 2-3.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе