Португалецот креира лоша атмосфера

Роналдо често јаде сам во кантината на Манчестер јунајтед и негодува кога Тен Хаг ќе побара да игра пресинг

Според пишувањата на Атлетик, Кристијано Роналдо често јаде сам во кантината на Манчестер јунајтед, Португалецот исто така негодува кога Ерик тен Хаг ќе побара да игра пресинг на тренинзите.

Кристијано Роналдо побара да замине од Олд Трафорд ова лето, Манчестер јунајтед одби да го продаде напаѓачот, но ако се точни написите на медиумите од Англија, потегот може да создаде проблеми.

Како што пренесува Атлетик, Португалецот често сам јадел во кантината на „ѓаволите“ и фрустрациите кои тој ги покажува за време на тренинзите и натпреварите им се јасно видливи на сите.

Напаѓачот исто така негодувал кога Ерик тен Хаг на тренинзите барал од него да игра пресинг и да притиска.

Во меѓувреме, МЕН пишува дека во четвртокот на тренингот настанала голема расправија, весникот не пишува која била причината и кои биле главните актери, но додава дека голем дел од фудбалерите на Манчестер јунајтед се надеваат дека Кристијано Роналдо ќе го напушти клубот и веруваат дека атмосферата во тимот значително ќе се подобри доколку ЦР7 замине.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе