Некои информации од Италија велат дека Јувентус би го продал Кристијано Роналдо на Реал Мадрид за 50 милиони фунти со цел да инкасира средства за полесно да ја преброди финансиската криза која настанува поради коронавирусот.
Во интервју за „TalkSport“, пријателот на Роналдо, Жозе Фонте вели дека нема да биде изненаден ако се случи еден таков трансфер.
„Знам дека тој го сака Мадрид, тоа е сигурно. Јасно е дека го сака клубот, тоа е еден од најголемите клубови во светот, ако не и најголем. Таму остави многу, многу пријатели и секогаш вратата му е отворена. Па не би бил изненаден доколку Роналдо се врати во Реал Мадрид“, изјави Фонте.