ЦР7 синоќа ги избегна новинарите, но неговата мајка денеска проговори

„Роналдо беше тажен по елиминацијата од Ајакс и ми кажа дека не прави чуда“

Мајката на Кристијано Роналдо им откри на медиумите од Португалија дека разговарала со својот син по елиминацијата од Ајакс во Лигата на шампионите, ЦР7 бил тажен.

Ајакс синоќа режираше големо изненадување, го совлада Јувентус среде Торино и се пласираше помеѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите. 

За разлика од осминафиналето, кога Кристијано Роналдо ја спаси „Старата дама“ со хет-трик против Атлетико Мадрид, погодокот на ЦР7 вчера не беше доволен.

Разочарувањето на лицето на Португалецот беше видно, но тој не ги удостои медиумите со коментар и без да даде изјава помина покрај новинарите во микс зоната. 

Сепак, попладнево се огласи неговата мајка, која откри дел од разговорот која го имала со својот син. 

„Немаа среќа. Роналдо постигнал гол, но тоа не беше доволно. Тој беше тажен по елиминацијата, сакаше да игра ново финале. Ќе се обиде да го стори тоа следната сезона. Ми кажа, „Мамо, јас не правам чуда“ и тоа е точно“ - вели Долорес Авеиро.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе