Серија А

Роналдо асистираше, Манџукиќ стрелаше, Јувентус се покажа како пресилен за Наполи (ВИДЕО)

„Бјанконерите" покажаа дека во моментов им нема рамен во Италија, Јувентус се врати од еден гол негатива и со 3-1 ја доби дерби пресметката со Наполи во Торино.

Седум од седум за „Старата Дама“, Јувентус покажа дека владее во Италија откако вечерва со 3-1 го совлада главниот конкурент за „Скудетото“.

Наполи можеби поведе со голот  на Мертнес во 10. минута, но избраниците на Алегри покажаа шампионски менталитет и на крајот се радуваа на трите бода.

Роналдо во 26. минута го „измести“ Хисај и нафрли од левата страна, за Манџукиќ од пет метри со глава да изедначи на 1-1. Хрватот веќе на стартот од вториот дел донесе предност за Јувентус.

ЦР7 биеше од 20 метри, тропката заврши во стативата а Манџукиќ добро ја следеше целата акција и рутински ја затресе празната мрежа за 2-1.

Наполи потоа остана и со играч помалку откако Марио Руи заработи втор жолт картон и исклучување за сите дилеми околу победникот беа решени во 76. минута. По еден корнер, Роналдо ја префрли топката на подалечната статива каде Бонучи со лизкачки старт погоди за 3-1 и се искупи за грешката при водечкиот погодок на гостите.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе