Бразилецот оди во куќен притвор во хотел во Асунсион

Роналдињо по 32 дена во затвор излезе со кауција од 1,6 милиони долари: Ви благодарам за молитвите

По 32 дена зад решетки, Роналдињо излезе од затвор со кауција од 1,6 милиони долари, Бразилецот и неговиот брат сега ќе бидат сместени во куќен притвор во хотелот Палмарога во Асунсион.

Роналдињо конечно излезе од затвор, судот го прифати неговото барања за куќен притвор откако од банка во Европа биле префрлени 1,6 милиони долари на сметка во Банко Насионал де Фоменто.

„Ви благодарам за добрината и молитвите, ви благодарам многу“ – изјави кратко Роналдињо по 32 дена зад решетки.

Тој сега ќе биде во куќен притвор во хотелот Палмарога, за него и неговиот брат се резервирани две соби на последниот спрат.

Медиумите пренесуваат дека телефонот на хотелот не престанал да ѕвони по веста дека Роналдињо тука ќе биде сместен во куќен притвор. Фановите на легендарниот фудбалер бараат резервација со надеж за средба со популарниот Дињо.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе