За повеќе Македонци во Букурешт треба и одобрение од УЕФА

Романија одобри зголемување на капацитетот на стадионот во Букурешт, но уште чека зелено светло од УЕФА

Според романските медиуми, Владата на Романија синоќа одобрирла зголемување на капацитетот на 50 проценти на стадионот во Букурешт, но УЕФА засега останува на одлуката за 33 проценти. 

Романија синоќа донела одлука да се зголеми капацитетот на Националната арена во Букурешт за натпреварите на ЕП, од 33% на 50%, односно да биде дозволен влез на 27.000 гледачи.
 
Тоа е добра вест за македонските навивачи бидејќи ќе можат во поголем број да ги бодрат нашите фудбалери, сепак оваа одлука треба да се одобри и од УЕФА.
 
Од УЕФА засега нема информација за зголемување на капацитетот, тие остануваат на 33% од капацитетот на стадионот, но не се исклучува можноста наскоро да ја прифатат одлуката на романската Влада.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе