„Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети“, рекоа од Противпожарната единица.
Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари.
„Оганот е изгаснат, едно возило и двајца пожарникари остануваат да ја следат ситуацијата уште некое време“, истакна командирот на Противпожарната единица Стојче Атанасов.