Лига Европа

Рома со пресврт го победи Лудогорец и продолжи во Лига Европа, Арсенал ја задржа првата позиција (ВИДЕО)

Рома мораше да даде се од себе за да го победи Лудогорец, римската волчица славеше со 3-1 и продолжува во Лига Европа, Арсенал со 1-0 беше подобар од Цирих и го задржа првото место во групата. 

Рома мораше да победи за да го освои првото место, во првото полувреме тие напаѓаа, но Лудогорец беше опасен од контри.
 
Во 42. минута Рик постигна прекрасен гол од далечина и донесе водство на Лудогорец, тоа беше шок на Олимпико.
 
Во вториот дел Мурињо го внесе Заниоло и тоа го промени мечот.
 
Врз Заниоло беа направени два пенали кои ги реализираше Пелегрини за пресврт и водство од 2-1.
 
Во 77. минута уште еднаш застана здивот кај навивачите на Рома, Нонато даде гол, но погодокот беше поништен со ВАР поради фаул врз Ибањез.
 
Осум минути подоцна Заниоло по одличен соло продор постигна гол за 3-1 и стави точка на натпреварот.
 
Од оваа група Бетис оди понатаму како првопласиран, Рома е втора и ќе игра против некој од оние кои испаднаа од Лигата на шампионите, Лудогорец како трет продолжува во Конференциската лига, а Хелсинки испадна од Европа.
 
Арсенал со гол на Тирни уште во 17. минута го победи Цирих со 1-0 и ја задржа првата позиција со два бода пред ПСВ кој со 2-1 славеше на гостувањето кај Бодо/Глимт.
 
Како прв заврши и Фенербахче кој со 2-0 го победи Динамо Киев, Алиоски ги одигра последните десет минути од мечот.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе