Серија А

Рома со победа тргна во новата сезона (ВИДЕО)

Рома со минимални 1-0 победи на гостувањето кај Салернитана, тимот на Мурињо пропушти многу шанси за убедлив триумф, но целта е остварена, освоени се трите бода. 

Рома, особено во првото полувреме создаде многу шанси за гол, Салернитана имаше само еден сериозен шут во текот на целиот меч.
 
Заниоло се испромашува пред да дојде 33. минута и Брајан Кристанте да постигне гол за водство од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.
 
Брзо потоа Пауло Дибала ја погоди стативата од голот на Салернитана, сантиметри фалеа да дебитира со гол.
 
Во второто полувреме Рома повторно имаше шанси, но Мурињо во последниот половина час се повлече и заканите пристигнуваа само од контра напади.
 
Од новите засилувања на Рома, стартер беше само Дибала кој го одигра речиси целиот меч, беше изваден во самиот финиш. Во текот на второто полувреме влегоа и Матиќ и Вајналдум.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе