Серија А

Рома со победа ја заврши сезоната во Серија А, Абрахам сруши рекорд (ВИДЕО)

Рома со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Торино и го завери пласманот во Лига Европа, Абрахам стана Англичанецот кој дал најмногу голови во една сезона од Серија А. 

Рома имаше позитивна увертира пред финалето од Конференциската лига. Денешниот меч им беше значаен за заверка на местото во Лига Европа иако дотаму можеа да стигнат и со освојување на европскиот трофеј за кој ќе се борат во среда. Но вака ќе го немаат тој притисок.
 
Два од трите гола на Рома беа дело на Абрахам кој стана Англичанецот со најмногу голови во Серија А. Сезоната ја заврши со 17 голови во лигата и го помина Гери Хиченс кој во сезоната 1961/62 постигна 16 голови за Интер.
 
Рома поведе со убав гол на Абрахам во 33. минута, а девет минути подоцна тој даде нов гол, овојпат од пенал кој беше направен врз него. Волчицата водеше со 2-0 по првото полувреме.
 
Во вториот дел Рома доби нов пенал, овојпат по прекршок врз Заниоло, од белата точка прецизно биеше Пелегрини и ги постави конечните 3-0.
 
Рома во моментов е петто место, но ако Лацио остане непоразен против Верона, тимот на Мурињо сезоната ќе ја заврши на шестото место.
 
Сега погледите на Рома се насочуваат кон Тирана каде во среда против Феенорд играат во финалето од Конференциската лига.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе