Рома не го почна најдобро натпреварот, уште во 14. минута Калабреси погоди со глава за водство на Лече од 1-0.
Римската волчица сакаше брзо да дојде до израмнување, но тоа го стори во 40. минута кога Кумбула по асистенција од Абрахам погоди со глава за 1-1.
По девет минути игра во вториот дел Абрахам погоди од далечина за комплетен пресврт и водство на Рома од 2-1.
А на десетина минути пред крајот Шомуродов постигна гол и ги постави конечните 3-1.
Рома во четвртфиналето ќе игра против Интер.