Серија А

Рома оди директно во Лига Европа, Јуве поразен од Каљари (ВИДЕО)

На коло пред крајот Рома ја завери петтата позиција откако со 3-2 победи на гостувањето кај Торино, Јувентус во својот прв меч по освојувањето на Скудетото е поразен на гостувањето кај Каљари. 

Од трите натпревари кои се играа во доцен термин во Серија А, единствено дуелот меѓу Торино и Рома имаше резултатска важност. Гостите славеа со 3-2 и на коло пред крајот ја заверија петтата позиција која ги носи директно во Лига Европа.
 
Натпреварот не почна добро за Рома, Торино поведе во 14. минута со гол на Беренгуер. Но само две минути подоцна Џеко изедначи на 1-1, а во 23. минута Смолинг погоди за комплетен пресврт и водство на гостите од 2-1.
 
По 15 минути игра во вториот дел Диавара од пенал донесе предност за Рома и од 3-1, а до крајот Торино успеа само да намали на 3-2 преку Синго.
 
Јувентус во првиот меч по освоената титула во Серија А загуби на гостувањето кај Каљари. Гаљиано и Симеоне во првото полувреме ги постигнаа головите за домаќините.
 
Најубедлива беше Фиорентина која со 4-0 беше подобра од Болоња. Киеза постигна хет-трик, еден гол беше дело на Миленковиќ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе