Серија А

Рома на Мурињо тргна со победа над Фиорентина (ВИДЕО)

Рома предводена од Жозе Мурињо ја победи Фиорентина со 3-1 во првото коло од Серија А, два црвени картони и четири гола на Олимпико. 

Одличен старт за Мурињо на клупата на Рома, освоени се првите три бода во сезоната со победа над Фиорентина.
 
Првото возбудување се случи во 17. минута кога голманот Драговски надвор од шеснаесетникот го фаулираше Абрахам и доби црвен картон. Фиорентина остана со фудбалер помалку.
 
Во 26. минута по асистенција од Абрахам, Мхитарјан постигна гол за водство на Рома од 1-0.
 
По седум минути игра во вториот дел силите се израмнија на теренот, Зануоло доби втор жолт картон.
 
Осум минути подоцна Фиорентина преку Миленковиќ го израмни резултатот на 1-1.
 
Но радоста на тимот од Фиренца не траеше долго, во 64. минута убаво додавање на Мхитарјан до Абрахам кој асистираше до Верету а тој постигна гол за водство од 2-1.
 
На десет минути пред крајот Верету постигна уште еден погодок, овој пат по асистенција од Шомуродов кој влезе на местото од Абрахам. 3-1 беше конечниот резултат.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе