Серија А

Рома „испука“ четири гола за едно полувреме, прва победа за „волчицата“ оваа сезона (ВИДЕО)

Рома се радува на првиот триумф во новата сезона, вечерва „волчицата" одигра спектакуларно прво полувреме и го совлада Сасуоло со 4-2.

Лоренцо Пелегрини ја инспирираше Рома за „покер“ во провото полувреме. Фудбалерот од средниот ред забележа три асистенции и помогна неговиот тим на пауза да замине до предност од 4-0.

Тој најпрво од корнер нафрли за 1-0 со голот на Кристанте. Џеко зголеми на 2-0 во 19. минута, а 180 секунди подоцна Мхитарјан погоди во своето деби на додавање на Пелегрини. Италијанецот потоа му асистираше и на Клајверт за 4-0 во 33. минута.

Во продолжението од мечот следуваше мало опуштање, Берарди постигна голчиште од слободен удар во 52. минута, а истиот играч во 73. минута ги постави конечните 4-2 и го ублажи поразот на Сасуоло.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе