Клубовиите реагираат на непристојната насловна

Рома и Милан ќе го бојкотираат „Кориере дело спорт“ поради расистичката насловна

Рома и Милан излегоа со заедничко соопштение во кое велат дека ќе го бојкотираат весникот „Кориере дело Спорт“ поради расистичка насловна која го шокираше светот. 

Утринава „Кориере дело Спорт“ излезе со неверојатна насловна страница која ги изненади сите. Во време кога светот се бори против расизмот, италијанскиот спортски весник направи шокантен потег кој наиде на осуда.

Како најава за дербито меѓу Интер и Рома кое се игра во петок, весникот стави слика од Лукаку и Смолинг и напиша „Блек фрајдеј“.

Текстот на новинарот поврзан со насловната е анти-расистички, но проблем е што тој е излезен во печатеното издание на весникот, па сите осуди се врз база на насловната страница.

Рома прво реагираше на твитер, а сега во заедничко соопштение со Милан најавува дека ќе го бојкотираат весникот. 

„Веруваме дека фудбалерите, клубовите, навивачите и медиумите мора да бидат обединети во борбата против расизмот во фудбалот и сите ние имаме одговорност да бидеме многу прецизни во зборовите кои ги одбираме и пораките кои ги праќаме“.

„Како одговор на насловот „БЛЕК ФРАЈДЕЈ“ објавен од весникот, Рома и Милан одлучија да го бојкотираат „Кориере дело Спорт“, забрането им е присуство во нашите тренинг центри до крајот на годината и наши играчи нема да имаат медиумски активности со весникот во тој период“.

„Двата клуба се свесни дека актуелниот текст на весникот кој се поврзува со „БЛЕК ФРАЈДЕЈ“ е направен да испрати анти-расистичка порака, од таа причина го бојкотираме „Кориере дело Спорт“ само до јануари“.

„Остануваме целосно посветени во борбата против расизмот“, стои во соопштението на Рома и Милан.

Претходно Интер преку својот твитер профил имаше реакција на оваа тема.

„Фудбалот е пасија, култура и братство. Ние сме и секогаш ќе бидеме против секоја форма на дискриминација“, напишаа тие.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе