Конференциска лига

Рома и Феенорд ќе се борат за првиот трофеј во Конференциската лига (ВИДЕО)

Рома со 1-0 го победи Лестер и се пласираше во финалето од Конференциската лига каде ќе игра против Феенорд кој го помина Марсеј откако одигра без голови на негов терен. 

Рома одигра тактички совршен натпревар, го победи Лестер со 1-0 и со вкупни 2-1 се пласира во финалето на Конференциската лига, ова е прво европско финале за римската волчица по 31 година.
 
Клучниот момент се случи во 11. минута кога по еден центаршут од корнер на Пелегрини, Абрахам даде гол со глава за водство на Рома од 1-0, кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
 
 
Рома во финалето ќе игра против Феенорд кој одигра 0-0 кај Марсеј. Во првиот дуел холандскиот тим победи на свој терен со 3-2.
 
Финалето на Конференциската лига се игра во Тирана.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе