Серија А

Рома го доби градското дерби и го отпиша Лацио од трката за Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Рома славеше на големото градско дерби против Лацио, Мхитарјан и Педро донесоа триумф од 2-0 и ги отпишаа „бјанкочелестите" од трката за Лигата на шампиони.

„Волчицата“ по четири натпревари без победа во „Дерби дела капителе“, вечерва успеа да го совлада Лацио.

Во финишот на првиот дел, Џеко убаво продре по левата страна и му асистираше на Мхитарјан за 1-0. Натпреварот беше решен во 78. минута, Педро прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.

Со овој пораз, Лацио ги изгуби шансите за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони, додека пак Рома направи значаен исчекор кон настап во Европа.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе