Лига на шампиони

Родриго испиша историја, Бензема како Меси, Реал ја „прегази“ Галатасарај со 6-0 (ВИДЕО)

Тинејџерот Родриго испиша историја откако три пати стрелаше против Галатасарај во убедливиот триумф на Реал од 6-0, ноќ за паметење имаше и Карим Бензема кој изедначи постигнување на Лео Меси.

Талентираниот Бразилец изминатово лето пристигна на Бернабеу откако беше пазарен за 45 милиони евра уште во 2018 година. Тој вечерва постави неколку рекорди во Лигата на шампионите откако стрелаше три пати во убедливата победа од 6-0 над Галатасарај.

Родриго го отвори резултатот веќе во 4. минута, доби топка од Марсело, си изгради позиција и со лева биеше прецизно по земја за 1-0. Во 7. минута Родриго зголеми на 2-0 откако одлично се снајде по центаршутот на Марсело и погоди со глава. Со ова, тој стана играчот кој најбрзо постигнал два гола на натпревар во Лигата на шампионите.

Напаѓачот можеше да стане играчот кој го постигнал најбрзиот хет-трик во Лигата на шампионите откако Крос беше соборен во шеснаесетникот, но капитенот Рамос ја превзеде одговорноста и со Паненка погоди за 3-0 во 14. минута од мечот.

Родриго сепак стигна до хет-трик во финишот од мечот кога рутински реализираше на додавање на Бензема. Со овој гол, 18 годишниот Бразилец стана вториот најмлад играч со хет-трик во Лигата на шампионите, пред него е само легендата на Реал Мадрид, Раул. Тој сепак може да се пофали дека е најмладиот играч кој постигнал перфектен хет-трик во Лигата на шампионите, односно постигнал гол со глава, лева и десна нога.

На мечот историја испиша и Карим Бензема, кој стана само вториот играч кој постигнал гол на 15 сезони во низа во Лигата на шампионите со што се изедначи со Лео Меси.

На вториот меч во Групата А, ПСЖ го завери пласманот во осминафинале со триумф од 1-0 над Клуб Бриж. Стрелец на голот беше Икарди, а голема заслуга за победата има и голманот Кејлор Навас, кој во завршницата одбрани пенал.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе