Младиот стратег заминува за да се врати Луис Енрике

Роберт Морено се прости од Шпанија: Моете искуство како селектор започна и заврши на ист начин, со горчлив вкус

Доцна вечерва, Роберт Морено испрати соопштение со кое се збогува од репрезентацијата на Шпанија, младиот стратег и покрај болниот начин на кој замина, реши да не плука и им се заблагодари на сите.

Роберт Морено го превзеде кормилото на „фуријата“ во јуни месец по одлуката на Луис Енрике да се повлече поради лични причини и одлично ја заврши работата обезбедувајќи пласман на Европското првенство. Тој сепак нема да ја предводи Шпанија на континенталниот собир, на денот на последниот натпревар од квалификациите и дуелот со Романија, почнаа да кружат гласини за негово заминување и враќње на Луис Енрике, а следниот ден пристигна и офцијална потврда.

Многумина сметаат дека ова е неправедно, и дека Роберт Морено заслужува да биде дел од ЕВРО 2020. Стратегот изминативе денови молчеше, но вечерва конечно се огласи. Тој испрати соопштение со кое достоинствено се прости од Шпанија, наместо да плука и да плаче, им се заблагодари на сите и му посака се најдобро на Луис Енрике.

„По работите кои се случија изминативе денови и постигнатиот договор во вторникот, почувствував потреба да испратам соопштение за да се заблагодарам за поддршката која ја добив и да се збогувам од позицијата селектор. Откако се соочивме со екстремна ситуација како онаа во Малта, го превзедеов кормилото на националнио тим. Целта беше да се обезбеди пласман на Европското првенство и тоа го сторивме комфорно. Посакувам таа ситуација никогаш да не се случеше, верувам дека и онака ќе се пласиравме“ – се вели во соопштението.

„Да ги анализрам последните часови и последните денови ќе послужи само за креирање на спирал на обвинувања, нема да го сторам тоа зошто не гледам како некој би имал корист од ова. Мојата свест е чиста. Не е возможно да им угодите на сите, но искрено ви кажувам дека го ценам сечие мислење. Секогаш велев дека сум човек од збор, кажав дека нема да бидам пречка доколку Луис Енрике изрази желба да се врати и го испочитував зборот и покрај тоа што тоа значеше мое заминување. Му посакувам се најдобро бидејќи неговата радост е и наша“.

„Сакам да им се заблагодарам на играчите за нивната посветеност и тоа што испорачаа во сите услови. Се обидов да бидам фер, искрен и директен со нив. Сакав да им помогнам да прикажат што е можно подобра игра на терените“.

„Сакам да нагласам дека немаше да можам да ја исполнам оваа задача без Луис Енрике, Рафаел Хоакин и Хесус. Не го загубив стручниот штаб, стекнав пријатели. Сакам да им се заблогадарам на сите луѓе кои беа дел од персоналот“.

„Ја почувствував љубовта на сите и можам само да се заблагодарам. Им благодарам на стотината непознати лица кои ми пријдоа да ме развеселат и да ми честитаат. Сакам да им се заблагодарам на сите во Фудбалската федерација на Шпанија за третманот кој го добив.  Чувствував дека сум сакан и почитуван“.

„За крај, морам особено да ги споменам медиумите и начинот на кој ме третираа. Бевте проникливи на секоја прес конференциите. Се обидов да покажам почит кон сите  и да бидам љубезен и искрен. Се надевам дека ќе ме вреднувате по работата што ја завршив, а не според тоа кој сум. Жалам што не можев да се појавам на последната прес конференција, бев спречен од условите“.

„Моете искуство како селектор започна и заврши на ист начин, со горчлив вкус. Сега се фокусирам на иднината, на новите предизвици како тренер. Подготвен сум за нова авантура и нов проект“.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе