Големиот дуел сепак ќе се игра

Ривер се предомисли, ќе игра против Бока на „Сантијаго Бернабеу“

Реванш финалниот натпревар од Копа Либертадорес и дефинитивно ќе се игра откако Ривер Плејт објави дека ќе патува во Мадрид на дуелот со Бока.

По инцидентите кои се случија пред почетокот на мечот меѓу Ривер Плејт и Бока Јуниорс, во неизвесност беше доведено одигрувањето на реванш финалниот натпревар.
 
Бока Јуниорс бараше службена победа, а Ривер Плејт не сакаше да игра надвор до својот стадион.
 
Конмебол донесе одлука реванш финалниот меч од Копа Либертадорес на кој требаше да биде домаќин Ривер, да се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
 
Ривер ја одбиваше одлуката во прв момент, но денеска на својата страна објавија дека утре нивната експедиција ќе патува во Мадрид каде на 9. декември ќе се соочи со Бока.
 
Првиот натпревар на кој беше домаќин Бока Јуниорс заврши нерешено 2-2.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе