Осум клубови испратиле писмо до Судот за спортска арбитража

Ривалите му отворија војна на Манестер Сити, бараат „граѓаните“ да не играат во Лигата на шампиони

Според пишувањата на Дејли Мејл, ривалите на Манчестер Сити се здружиле и испратиле писмо до Судот за спортска арбитража со кое бараат да не им се дозволи на „граѓаните" да играат во Лигата на шампиони.

УЕФА жестоко го казни Манчестер Сити, и за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, му забрани настап во Европа во следните две сезони.

„Граѓаните“ категорично ги отфрлија обвинувањата, велеа дека ова е политички процес, и доставија жалба до Судот за спортска арбитража.

Процесите пред ТАС траат долго, а работата дополнително се комплицира и со пандемијата на коронавирус која го зафати светот, па постои можност клубот од Етихад да игра во Лигата на шампиони во сезоната 2020/21. Сепак, ривалите на Манчестер Сити не сакаат ништо да ризикуваат, па и тие испратиле писмо до Судот за спортска арбитража.

Според пишувањата на Дејли Мејл, осум клубови побарале на „граѓаните“ да не им биде дозволен настап во Лигата на шампиони. Ова го сториле Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Тотнем и уште три други клубови кои во моментов се во топ 10 на табелата.

Извор кој е добро упатен во случувањата, за Дејли Мејл вели: „Што е многу, многу е. Долг период Сити успеваше да се извлече и покрај тоа што ги прекршуваше правилата, и тоа на трошок на најмалку еден друг клуб, кој не можеше да обезбеди место во Лигата на шампиони.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе