Делегација на „каталонците“ е во Париз во обид да пронајдат дил со ПСЖ

Ривалдо ја замоли Барса да не дозволи Нејмар да заврши во Реал, веднаш доби „лајк“ од таткото на напаѓачот

Легендарниот Ривалдо попладнево се огласи на социјалните мрежи и побара од раководството на Барселона да не дозволи Нејмар да заврши во друг клуб (Реал Мадрид) и доби „лајк" од Нејмар постариот.

Делегација на Барса е во Париз и денеска ќе започне финална офанзива за враќање на Нејмар на Камп Ноу. Во исчекување на вести за тоа како поминала средбата, легендарниот Ривалдо испрати молба до раководството на „каталонците“.

„На сите добро ни е познато што се случи со Нејмар. Неговото заминување од Барселона беше голема грешка, тој не требаше да го напушти клубот. Но сега е желен да се врати и стори се што требаше да стори. Па ги замолувам претседателот на Барса и сите директори во бордот да не дозволат Нејмар да заврши во друг клуб. Се надевам дека ќе пронајдат заеднички јазик со ПСЖ и Нејмар ќе се врати на местото од кое не требаше никогаш да замине. Виска Барса“ – напиша Ривалдо на Инстаграм.

Неговиот пост на социјалните мрежи предизвика и реакција од таткото на Нејмар, кој стави „лајк“ на објавата.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе