Македонија комплетна ги продолжува подготовките

Ристовски: Против Финска и Азербејџан ќе добиеме слика за иднината на македонската репрезентација

Десниот бек на македонската репрезентација, Стефан Ристовски се надева дека овој репрезентативен собир ќе послужи играчите дополнително да се зближат и да направат една позитивна атмосфера пред почетокот на Лигата на нации.

Со пристигнувањето на Стефан Ристовски, Езџан Алиоски и Столе Димитриевски, македонската репрезентација е во полн состав на подготовките пред мечевите со Финска и Азербејџан.
 
Стефан Ристовски вели дека против Финска и Азербејџан ќе добиеме слика за тоа што не очекува во иднина.
 
„Јасно ми е дека од нас се очекува да бидеме во вистинска форма за натпреварите од Лига на Нации, но на овие контролни дуели добиваме слика за тоа што не чека во иднина. Мислам дека е важно да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан, изјави Стефан Ристовски.
 
Македонија на 23. март игра со Финска, а четири дена подоцна со Азербејџан, двата меча се играат со почеток од 17 часот.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе