Новиот капитен на македонската репрезентација

Ристовски: Остваривме еден сон, но фудбал се игра и утре

Стефан Ристовски преземе капитенската лента од Горан Пандев, тој ќе биде новиот предводник на нашата репрезентација, а го има вистинскиот менталитет за тоа, бидејќи секогаш бара повеќе. 

Ристовски не се задоволува само со учество на големите натпреварувања, од една страна е среќен што го исполнивме сонот и играме на ЕП, но од друга страна е тажен што не освоивме бод.  
 
„Некои играчи не можат да сфатат дека фудбалот се игра 90 минути, ако се тешиме само со тоа „херои“... фудбалот се игра уште, не се игра само денеска. Јас планирам да останам, да играм уште во репрезентацијата и да носам радости за македонската јавност. Ние направивме успех и тоа е факт, емоциите владеат и сето тоа стои, но мене лично ми е жал што со овој квалитет што го има македонската репрезентација не успеавме да дојдеме до некој бод, но што е тука е“, вели новиот капитен, Стефан Ристовски.
 
„Сакам да се заблагодарам на Пандев, Тричковски, Велковски, не знам и дали некој друг ќе си оди. Горд сум на оваа репрезентација, горд сум на овој селектор. Испишавме една историја која генерациите пред нас не успеаа, но фудбалот се игра и утре, па да извлечеме една убава поука од сето ова“.
 
„Ова е турнир каде што играат најдобрите репрезентации. За успех си бара концентрација, си бара комуникација во играта, не можеме да играме на искуство, ние не сме толку искусна репрезентација како другите. Ова се големи натпреварувања кои бараат 90 минути да сте перфектни. Ние за жал очигледно немаме сила да ги одиграме тие 90 минути како што треба, но тоа е, одиме напред“.
 
„Секој натпревар е искуство, не само ЕП. Јас тука не дојдов туристички за само да се прошетам, јас дојдов со некои амбиции и некоја си моја тајна да земеме бод, да ја израдуваме јавноста. Но на крајот на денот сме среќни затоа што долго време се мачевме да дојдеме до ова натпреварување. Им благодарам на сите.
 
„Горан Пандев треба да биде пример за сите играчи, ако може тој со 38 години да доаѓа и да патува и да е далеку од фамилијата постојано, тогаш мора да се запрашаме и ние зошто тоа не би го направиле тоа на негови години. Тој тоа го прави не само во репрезентацијата туку и во клубовите. Горан со своето залагање остави еден еден голем, голем впечаток, траг во македонскиот фудбал. Еден е Горан“. 
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе