ЕВРО 2020

Ристовски: На ЕП не сме дојдени како туристи, ништо не е загубено, нашата цел е да ја помнеме групата

Стефан Ристовски вели дека Македонија против Украина треба да игра со два блока и контра напади за да дојде до целиот плен. 

Утре со почеток од 15 часот, Македонија игра против Украина во нов меч од Европското првенство.
 
„Ние сме професионалци и не смее да си дозволиме да ни се сруши атмосферата. Овој настап на Еуро 2020 е прв за нас, првпат сме на голем турнир, па нема време ни за тага, ни за радост, одиш од меч на меч, ние имаме уште два и ништо не е загубено. Загубивме од Австрија, но одиме понатаму. Сега не чека нов, цврст, меч во кој сигурно ќе сакаме да ги извлечеме најдобрите работи од дуелот со Австрија. На Европско играат сите најдобри, сите играат 90 минути, сите играат да победат, така и ние. Не дојдовме да бидеме туристи и Македонија има огромен квалитет, па ќе го покажеме тоа, да играме со два блока, со одлични контри и така можеме да дојдеме до три бода“, вели Ристовски.
 
Селекторот Ангеловски, го користи Ристовски на две позииции, некогаш на десната бековска која му е природна, но некогаш и на централната дефанзивна позиција.
 
„Кога се работи за Македонија, јас не гледам на која позиција играм, сконцентриран сум да дадам максимум на позицијата која ќе ја одреди селекторот, на која тој мисли дека треба да играм. Јас се потрудив да дадам максимум и нема никаков проблем каде играм, најважно е екипата да функционира и тоа е предноста на сѐ. Ние се спремаме за Украина, имаат добри фудбалери, играчи кои играат добар фудбал, како и Австријците и тие сакаат да играат со топка. Затоа мора да бидеме внимателни и реков веќе еднаш да застанеме во два блока“.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе