Во интервју за „офф.нет“, Стефан Ристовски зборува на повеќе теми, а неизбежната е онаа за успесите на репрезентацијата на Македонија.
„Мрме уште од првиот состанок дојде и отворено кажа: „Дечки јас сум тука само за едно нешто, тоа е Европско првенство“. Во тоа време сите му се смееа, да се разбереме. А човекот веруваше и постепено, постепено стигна до тоа што многу генерации го сонувале“, вели Ристовски.
„Мрме првенствено е човек према тебе. Прав човек према целата соблекувална. Он буквално живее со нас. Не сака никогаш да ни става до знаење дека е над нас, туку со нас паралелно и тоа го практикува. Знае кога да подвикне, знае кога да се нашали, се во право време!“.
„Мислам дека и резултатски му се враќа и соблекувалната, играчкиот кадар му враќа на прав начин. Пред се е пријател со нас. Ако ви кажам дека ако не секој, па секој втор ден се слуша со нас и тоа ви е прав показател колку се почитуваме. Мислам утре и да не е он селектор тој контакт ќе остане така цврст. Знае што сака, искрен е во намерите и тоа му се враќа. Мрме го знае нашиот квалитет, знае како да ја постави екипата и тоа се одразува. Мислам дека Македонија го има правиот човек на чело“.
Ристовски вели дека целта на Европското првенство не е само да се биде присутен таму, туку да се помине и групната фаза.
„Видете штом Мрме кажа дека идеме таму да одиграме повише од 3 утакмици, тоа аутоматски се знае дека целта ни е да пројдеме група. Е сега како ќе биде, што ќе биде, ние идеме таму и нема што да изгубиме. Идеме со отворен гард. Ги знаеме нашите квалитети, знаеме како да играме со големи репрезентации, знаеме да играме и со помали али таму нема мали, таму си на Европско првенство, се гледа секој даден гол секој примен гол... Ќе видиме ако ни се поклопат коцки и среќа малце се надевам ќе се исплати цела авантура“.
Целото интервју можете да го прочитате на овој ЛИНК.