Капитенот верува дека оваа селекција има убава иднина

Ристовски: Македонското срце го огреа светскиот фудбал

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски преку социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите. 

Ристовски напиша:
 
„Два милиони срца за Македонија!
 
Драги наши навивачи,
 
Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме.
Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво.
 
Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување.
 
Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од сѐ.
 
Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија.
 
Напред Македонија“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе