петок, 26 април 2024

МАСИТ бара посебна Агенција и посебна собраниска комисија за дигитализација

ИКТ индусријата, која е еден од најбрзорастечките сектори, во моментов брои околу 3.200 компании со вработени над 20.000 луѓе, претежно млади, чии плати растат со темпо од 30 отсто годишно. Овие компании имаат обрт од 1,5 милијарди евра од кои половина милијарда евра се извоз. Затоа е потребно формирање посебна собраниска комисија за дигитализација и измена на Законот за работни односи во врска со работењето од дома, иницира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на средба со раководството на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што информираа партискиот лидер Димитар Ковачевски и претседателката на Собранието на МАСИТ, Анета Антова Пешева, станало збор и за формирањето на посебна Агенција за дигитализација, што е идеја на двете страни.

Според Антова Пешева, ИКТ индустријата, која е еден од најбрзорастечките сектори, во моментов брои околу 3.200 компании со вработени над 20.000 лица, претежно млади луѓе, чии плати растат со темпо од 30 отсто годишно. Овие компании имаат обрт од 1,5 милијарди евра од кои половина милијарда евра се извоз.

„Ги продолжуваме разговорите со партиите претенденти за следниот парламентарен состав. Денеска имавме плоден разговор со Ковачевски и Фатмир Битиќи. Наидовме на многу добра соработка за во иднина. Единственото место каде можат да се спојат идеите и разговорите за дигитализацијата на државата е тука, се надеваме дека ќе имаме добра соработка со сите партии“, рече Антова Пешева.

Ковачевски ја поздрави иницијатива на МАСИТ за формирање посебна комисија за дигитализација во македонското Собрание.

„Добра е иницијативата да поразговараме со сите партии, веднаш по формирањето на новиот парламентарен состав да се формира комисија исклучиво за дигитализација на која ќе се разговара и за вештачка интелигенција и во која освен партии, ќе учествуваат и претставници на МАСИТ, на другите комори и на поголемите компании кои го водат развојот на ИКТ индустријата во државата. Разговаравме за она што го имаме во Програмата, а се совпаѓа со очекувањата на индустријата, тоа е формирањето посебна институција за дигитализација која ќе биде отворена за прибирање знаења и искуства, но и за дигитализација на процесите во државата кои треба да бидат брзо достапни за граѓаните. Разговаравме и за дополнителни работи кои ги иницира Комората и кои за мене се исклучително логични и корисни, а тоа е дека, прво, треба да се направат измени во Законот за работни односи за да се воведат новини во однос на работењето од дома, достапноста на технологии на различни места што ќе биде дел од нашиот нареден мандат, како и давање поголема тежина на дигитализацијата и на ИКТ услугите со формирање посебна комисија во Собранието на Северна Македонија“, рече Ковачевски.

ИКТ услугите сега се под Комисијата за транспорт и врски која, како што напомена претседателчот на СДСМ, има голем обем на работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ