Лига Европа

Ристовски и Спортинг елиминирани од Лига Европа по 120 минути борба во Истанбул

Башакшехир го победи Спортинг Лисабон со 4-1 и се пласираше во осминафиналето од Лига Европа, мечот беше решен по продолжение.

Спортинг Лисабон со победа од 3-1 отпатува во Истанбул, но со тој резултат, овој пат за домаќинот завршија и денешните 90 минути.

По првото полувреме со голови на Шкртел и Алексиќ, Башакшехир поведе со 2-0. Вието во 68. минута го намали резултатот на 2-1.

Спортинг Лисабон пропушти неколку одлични шанси да постигне втор гол, а казната стигна во 92. минута кога домаќините со гол на Вишка погодија за 3-1 и го однесоа мечот во продолженија.

Кога се очекуваше дека натпреварот ќе оди во пенали, домаќините дадоа гол. Имаше пенал, но само еден. Вишка го реализираше во 119 минута за победа на Башакшехир од 4-1.

Стефан Ристовски ги одигра сите 120 минути од мечот, но и за него и за неговиот клуб ова беше последниот натпревар во Европа за оваа сезона.

Покрај Башакшехир, пласман во осминафиналето обезбедија и Базел, Вулвс, Рома, ЛАСК, Волфсбург и Баер Леверкузен.

Резултати на мечевите кои се играа од 18:55

Башакшехир - Спортинг 4:1

Базел - АПОЕЛ 1:0

Еспањол - Вулвс 3:2

Гент - Рома 1:1

ЛАСК - АЗ Алкмар 2:0

Малме - Волфсбург 0:3

Порто - Баер Леверкузен 1:3

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе