Македонија на Европско првенство

Ристовски: 24 часа сме затворени во хотел, можеме да излеземе само на тренинг и натпревар

Стефан Ристовски за српскиот медиум „Република“ се пожали дека не можат да видат ништо друго освен хотелот, но се трудат да ја одржат атмосферата на највисоко ниво.

Македонските фудбалери трет ден како се во Букурешт каде од недела го почнуваат настапот на Европското првенство. Поради ковид мерките, тие не можат да излегуваат од хотелот во кој се сместени.

„Се обидуваме атмосферата да биде на висина на задачата, тоа е тоа што нè донесе до Европското првенство. Сепак не е лесно бидејќи сме затворен 24 часа во хотел. Стигнавме во Букурешт, но од хотелот можеме да излеземе само кога одиме на тренинг или натпревар“, вели Ристовски за српска „Република“.

„Немаме некои цели, сакаме да нè потценат, тогаш сме најсилни. Досега бевме скромни во секој поглед, а така ќе биде и сега. Ги изнаеме своите квалитети и со што располагаме, но ќе има изненадувања, верувајте ми. Фаворит во групата секако дека е Холандија, а останатото ќе видиме како ќе биде“.

Ристовски смета дека фаворит нема да го освои ЕП.

„Не знам кој ќе ја освои титулата, но знам дека тоа ќе биде некое изненадување“.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе