Ја загрева атмосферата во пресрет на лутото дерби на Ливерпул

Ришарлисон го „пецна“ Ван Дајк: Го имам издриблано, можам да ви набројам тројца подобри дефанзивци

Напаѓачот на Евертон, Ришарлисон реши да го „пецне" Вирџил ван Дајк во пресрет на дербито на Мерсисајд, вели дека дефанзивецот на Ливерпул не е ништо посебен и тој може да наброи тројца подобри играчи на таа позиција.

Во недела, Евертон го пречекува Ливерпул во лутото градско дерби. Постоеа шанси, „црвените“ на овој меч да стигне до пехарот од Премиерлигата кој го чекаат 30 години, но откако Манчестер Сити го победи Арсенал со 3-0, нема да гледаме шампионско славје на овој ден.

Сепак, тоа не значи дека пресметката на Гудисон Парк нема да биде интересна, Евертон сигурно ќе сака да му зададе удар на локалниот ривал и дополнително да ја одложи прославата.

Дека може да очекуваме возбудлив дуел, навестуваат коментарите на Ришарлисон кој реши да го „пецне“ Вирџил ван Дајк.

Холанѓанецот важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, минатата сезона ја одигра на врвно ниво и беше прогласен за најдобар фудбалер според УЕФА пред Лео Меси и Кристијано Роналдо, а малку фалеше да ја добие и престижната „Златна топка“, која ја загуби од Лео Меси само за неколку гласа.

„Луѓето зборуваат многу за него, да, се работи за добар дефанзивец, но не е ништо посебен, го имам издриблано. Беше избран помеѓу тројцата најдобри во светот и имаше одлична сезона, но јас сметам дека има неколку подобри дефанзивци од него и веднаш можам да ви ги набројам: Тиаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“ – порача напаѓачот на Евертон.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе