петок, 10 мај 2024

Германски министер: И Германија размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни испораки на оружје за Израел доколку извршат голем напад врз градот Рафа во јужниот дел на Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За ова во моментов се расправа“, изјави министерот во програмата Хојте журнал на германскиот медиум ЗДФ во четвртокот навечер. Сепак, одговорноста за тоа е на канцеларот и на Министерството за надворешни работи, додаде тој.

За тоа зборуваа „зад затворени врати“. На прашањето на водителот дали го разбира потегот на американската влада, Писториус рече: „Да, можам да го разберам тоа“.

Израелските операции во Рафа во моментов се главно ограничени на источниот дел на градот, каде на почетокот на неделата беше издадена наредба за евакуација.

САД се главниот поддржувач на Израел, но претседателот Џо Бајден се закани дека дополнително ќе ги прекине испораките доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху започне голема офанзива. Израел вели дека целта на операцијата Рафа е да се елиминира палестинската екстремистичка организација Хамас.

По состанокот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата Писториус повика на спречување на понатамошна ескалација на војната во Газа. Двајцата се согласија дека мора да се направи сè за да се ублажи или стави крај на хуманитарната беда на палестинското население во Појасот Газа.

Писториус за Хојте журнал изјави дека е од клучно значење Израел „да продолжи да се фокусира на деескалација“ во конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ