Фердинанд ги советува младите да го копираат Роналдо и да вложат во себе

Рио се чудел што прават 10 луѓе во соба кај Роналдо... Еднот бил кувар, другиот доктор, третиот личен тренер, четвртиот физиотерапевт

Рио Фердинанд раскажа како се чудел кога видел 10 луѓе во соба кај Кристијано Роналдо, но потоа ЦР7 убаво му објаснил дека има цел тим кој се грижи за тој да биде ве перфектна физичка и психичка состојба.

Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд има совет за младите спортисти, им порачува да го следат примерот на Кристијано Роналдо или Леброн Џејмс, и доколку се во можност, да вложат во тим на луѓе кои ќе им помогнат физички и психички да бидат максимално подготвени.

Поранешниот дефанзивец раскажа како се чудел кога еден ден го посетил домот на Кристијано Роналдо и затекнал 10 луѓе.

„Со оглед на тоа какви суми се вртат во спортот, младите треба да ги копираат Леброн Џејмс или Кристијано Роналдо. Леброн 17 години е на врвот во НБА, тоа е неверојатно. Кристијано пак има 34 и се уште е на врвот, тој една декада е помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“ – вели Рио Фердинанд.

„Тој е првиот кој инвестираше во тим. Поминав кај него дома и имаше 10 луѓе во собата. Се чудев кои се тие? Што прават тука? Тој потоа ми рече, ова е мојот кувар, ова е мојот физиотерапевт, ова е докторот и ова е личниот тренер“.

„Двајцата имаат инвестирано многу пари за да го имаат правиот тим околу себе за нивното тело и ум да работат на највисоко ниво константно“.

„Доколку треба да им дадам совет на младите, тоа е следново, доколку имате средства, инвестирајте во себе на ваков начин“.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе