Одредена казната за Французинот

Рибери за туркањето на судијата ќе плати 20.000 евра и ќе се „лади“ на три меча

Фудбалската федерација на Италија вечерва ја соопшти канзата за Франк Рибери, Французинот ќе плати глоба од 20.000 евра и ќе биде суспендиран на три натпревари.

Франк Рибери ги загуби нервите по крајот на синоќешниот дуел помеѓу Фиорентина и Лацио и физички го нападна помошник судијата.

Домаќините сметаа дека се оштетени и дека при победоносниот гол на гостите во финишот од мечот имало прекршок од Лукаку врз Сотил на зачетокот од акцијата, па по последниот свиреж, протестираа кај триото кое ја делеше правдата.

Најдалеку во примедбите отиде Франк Рибери, кој го фати и го турна асистентот. Французинот знаеше дека направи сериозен инцидент и брзо се извини, но и покрај тоа доби казна.

Фудбалската федерација на Италија вечерва соопшти дека Франк Рибери ќе плати глоба од 20.000 евра, а ќе се „лади“ и на три меча. Тој сега нема да може да им помогне на своите соиграчи против Сасуоло, Парма и Каљари.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе