Французинот е ново засилување на „виолетовите“

Рибери по брза постапка ги мина прегледите и стави потпис со Фиорентина, за утре е закажана промоцијата

Франк Рибери и официјално е нов фудбалер на Фиорентина, Французинот попладнево стави потпис на договорот и утре ќе биде промовиран на „Артемио Франки".

Французинот по 12 години во Баерн, ова лето го напушти Минхен и доби неколку интересни понуди за продолжување на кариерата. На крајот тој ја одбра Фиорентина како негова следна дестинација и денеска пристигна во Фиренца, каде еуфорично беше пречекан од стотици фанови.

Франк Рибери потоа по брза постапка ги мина редовните лекарски прегледи и стави потпис на договорот.

Во краткото известување на „виолетовите“ нема никакви детали за соработката, а според пишувањата на медиумите, играчот ќе се обврзе на две години и ќе има основна плата од 4 милиони евра.

Промоцијата на Франк Рибери е закажана за утре со почеток во 17:30 часот на „Артемио Франки“.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе