По мечот меѓу Фиорентина и Лацио

Рибери физички го нападна помошниот судија, се соочува со долга суспензија (ВИДЕО)

Франк Рибери би можел да биде суспендиран за наредните неколку меча во Серија А откако беше уловен од камерите како физички се пресметува со помошниот судија. 

Фиорентина загуби со 2-1 на свој терен од Лацио, Рибери предвреме беше изваден од игра, нервозата кај Французинот кулминираше по мечот.
 
По последниот свиреж на судијата, фудбалерите на Фиорентина ги опколија судиите и вербално се бунеа за дел од одлуките во финишот, но Рибери отиде чекор подалеку, тој имаше физички дуел со асистентот.
 
Од Лега Серија А потврдија дека на Рибери му е покажан директен црвен картон по мечот, а дополнително ќе биде утврдено колку мечеви ќе биде суспендиран.
 
Физичките контакти со судиите се сметаат за многу сериозен прекршок, па се верува дека Рибери ќе добие најмалку три меча суспензија.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе