ЕП 2020

РФМ ја исплати премијата за пласман на ЕП

Ракометната федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на ракометарите за пласманот на Европското првенство кое ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска на почетокот од следната година.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија,Норвешка и Шведска 2020 година.
 
 Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.
 
 Ова ќе биде шести пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).
 
 Машката ракометна репрезентација на ЕП ќе настапува во Австрија (Виена) во јануари 2020 година,и ќе се натпреварува во групата Б  против Австрија, Чешка и Украина“, стои во соопштението на РФМ.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе