Масовна тепачка во ниските лиги во Португалија

Ретко се гледа ваков хаос на терените: Полицијата пукаше во воздух за да ги смири фудбалерите (ВИДЕО)

Ниските лиги во Португалија донесоа хаос кој ретко се гледа на фудбалските терени, полицијата пукаше во воздух за да ги смири фудбалерите, тренерите, директорите и фановите кои делеа своја правда.

На натпреварот помеѓу Олимпико до Монтижо и Виторија Сетубал Б во ниските лиги на Португалија се случи голем хаос. По крајот на натпреварот настана масовна тепачка во која беа инволвирани фудбалерите, тренерите, директорите и фановите.

Полицијата сметаше дека работите излегле од контрола па пукаше во воздух за да ги смири страстите.

Тренерите имаа различен став за тоа што се случуваше, предводник на Виторија Сетубал рече: „Доколку полицијата не пукаше во воздух ќе завршеше лошо“.

Но неговиот колега од Олимпико до Монтижо не се сложува со ова: „Понекогаш тимовите губат контрола над емоциите. Денеска фудбалерите, тренерите и директорите влегоа во конфликт, имаше агресија, но мислам дека полицијата загуби контрола. Имало и полоши тепачки од оваа, но не сум видел полицијата да испука 10 куршуми во воздух“.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе