УЕФА и КОНМЕБОЛ сакаат да ја продлабочат соработката

Репрезентациите од Јужна Америка би можеле да се приклучат во Лигата на нации

УЕФА и КОНМЕБОЛ имале состанок на кој се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двата континента, еден од предлозите е и заедничка Лига на нации.

УЕФА и КОНМЕБОЛ сакаа да организираат што е можно повеќе настани меѓу двата континента. Двете страни имале виртуелен состанок на кој се разговарало за продлабочување на соработката.

Досега конкретен е само договорот за меч меѓу континенталните шампиони Италија и Аргентина кој ќе се одигра на 1. јуни во Лондон.

Но се разгледува и за почести средби во вид на турнири во женскиот фудбал, младинскиот фудбал, футсалот и фудбалот на плажа.

Една од главните теми била приклучување на 10. репрезентации од Јужна Америка во Лигата на нации која имаше веќе две изданија во Европа.

Поради Лигата на нација, европските селекции ретко имаат термини за пријателски натпревари, па според актуелниот систем ретки се дуелите меѓу селекциите од Европа и Јужна Америка, тоа би било променето ако јужноамериканските репрезентации се приклучат во оваа лига.

Се разгледуваат два формати, првиот е едноставно приклучување на репрезентациите од Јужна Америка во групите од Лигата на нации. Втората варијанта е Јужна Америка да има своја Лига на нации, а финалистите од секој континент на крајот да се сретнат на мини завршен турнир.

УЕФА и КОНМЕБОЛ формираа пакт против проектот на ФИФА за Светско првенство на секои две години и сега ја продлабочуваат меѓусебната соработка.

Тие, како и големите европски клубови се против СП на две години, сметаат дека тоа негативно ќе се одрази на календарот на сите натпреварувања, беспотребно ќе се зголеми бројот на мечеви, а Мундијалот ќе го загуби својот сјај кој го има сега бидејќи ќе се одржува почесто.

УЕФА и КОНМЕБОЛ дури ѝ се заканија на ФИФА дека ќе го напуштат Светското првенство доколку тоа се игра на две години.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе